Храна која е одлична за подобар крвоток

Иако крвотокот во голема мера зависи од редовната физичка активност, сепак и храната има големо влијание.

Според др. Вилијам Ли, кој е автор на книгата „ Јадете за да ги победите болестите”, храната има огромна улога во подобрување на циркулацијата во нашето тело. Ова е храната која тој ја препорачува во својата книга.

Чај

Зелениот чај може да помогне во заштита на крвните садови, истакнува др. Ли. Според истражувањата, овој чај го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и придонесува за поздраво срце и подобра циркулација.

Омега 3 масни киселини

Храната која е богата со омега 3 масни киселини ги штити нашите крвните садови. Затоа е важно во исхраната да додадеме ореви, чиа семе, ленено семе, како и сардина и авокадо. Омега 3 масните киселини го намалуваат и ризикот од згрутчување во крвта.

Зелен зеленчук

Според др. Ли, руколата, зелените пиперки,спанаќот и  другите видови зелен зеленчук придонесуваат за подобрување на крвотокот, намалување на крвниот притисок. Тој препорачува да се користи свеж спанаќ кој добро ќе го изџвакаме бидејќи овозможува здравите состојки да се соединат во крвта.

Цвекло

Се препорачува редовно пиење цвекло кое значително го намалува крвниот притисок и го подобрува крвотокот. Тој додава дека цвеклото е корисно да се користи во исхраната, во салати, супи па дури и секое наутро како дел од појадокот.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи полифеноли кои ја подобруваат циркулацијата, а тоа се должи на какаото во него. Но, според едно истражување луѓето кое редовно конзумирале темно чоколадо го намалиле крвниот притисок во рок од 15 дена.