Храна и состојки кои можат да предизвикаат несоница и анксиозност

Доколку навечер се чувствувате анксиозно и поради тоа не можете да заспиете, а нема некоја значајна причина за тоа, ви преостанува да се потсетите што сте јаделе тој ден. 

Понекогаш дури и највообичаените дневни навики можат значајно да влијаат врз вашето општо расположение. Затоа, почнете решенијата да ги барате во она што секојдневно го правите, а една од тие активности е и јадењето. 

Кои видови храна и хранливи состојки ве прават анксиозни и не ви даваат да спиете?

Кофеинот

Претераните количини кофеин се докажан непријател кога се работи за паничните напади, зголемениот стрес и покачувањето на кортизолот. Кога пиете кафе или друг пијалак со кофеин навечер, тогаш го нарушувате природниот циклус на спиењето. Него му се потребни 16 до 24 часа да го напуштат вашето тело, па навечер, дури и утринското кафе сè уште има влијание врз вас. 

Компири, домати, модар патлиџан, пиперки и гоџи бобинки

Овие пет намирници спаѓаат во една група на плодови кои важат за нарушувачи на сонот. Тие природно продуцираат пестициди со кои се борат против паразити, но и влијаат врз нервниот систем на човекот. Токму тие гликоалкалоиди може да предизвикаат претерана стимулација на нервниот систем и да имате проблеми со спиењето. Ограничете го внесот на овие намирници во исхраната. 

Алкохол

Алкохолот е уште еден докажан непријател на добриот сон. Во зависност од тоа колку вашето тело поднесува алкохол, може да се случи да ве буди ноќе, да ви биде претопло или престудено, а со тоа да ви го наруши и сонот. Доволна е само една пијачка за да ја влоши ситуацијата. 

Ферментирана, чадена, отстојана храна

Тука спаѓаат сувомеснатите производи, саламите, пршутата, туршијата, киселата зелка, саламурено месо и друга храна која се конзервира и ферментира. До одредена количина овие производи може да бидат присутни во вашата исхрана, но доколку ги јадете премногу, ризикувате да ја нарушите работата на дигестивниот систем, на жлездите со внатрешно лачење, да бидете анксиозни и лошо да спиете. 

Рафинирани јаглехидрати

Шеќерите, белото брашно и прашоците за згустување, сите овие спаѓаат во групата на рафинирани јаглехидрати. Ги има во сокот од портокал што го пиете наутро, во овошниот јогурт, во мислите и житариците, па затоа овие намирници лесно ве полнат со енергија. Но, во вашето тело ситуацијата е поинаква. Инсулинот се „вивнува“ во многу високи количини, а интензивно се лачи и кортизолот (стрес-хормон), после што и спиењето и смиреноста се тешка активност.