Храброст е да се ослободиш од работите кои го повредуваат твоето срце

Ослободете се од луѓето кои се тука само на поминување, кои се тука само затоа што ги потсеќате на некого, затоа што можете да им понудите нешто, затоа што не ги повредувате како некои други што ги повредувале. Ослобдете се од луѓе кои постојано доаѓаат и си одат само за да видат за кого чука нивното срце, кои на вага ставаат што можат да добијат, а што можат да изгубат од тебе. Ослободете се од луѓето кои моментално се тука само затоа што не можат да бидат онаму каде што сакаат. Не се врзувајте за нив, сите тие порано или подоцна ќе си заминат кога ќе добијат прилика за тоа.

Храброст е да се ослободите од работите кои го повредуваат вашето срце. Ослободете се од оние лажни надежи дека утре ќе биде подобро без оглед на тоа што ви направиле, ослободете се од оние работи кои ги имате и не мислете на студенилото и суровоста на животот, затоа што се што имате денес, може да ви биде одземено утре. Кога срцето ќе го врзете за тоа, ќе ве боли многу, а ништо нема да може да ја намали таа болка, освен да се врзете за другите работи и повторно да почнувате одново.

Храброст е да се ослободите од работите кои го повредуваат вашето срце. Ослободете се од работите низ кои сте поминале, изгубените битки на кои постојано се навраќате, размислувајќи што би било кога би било. Ослободете се од оние победи и трофеи кои сте ги добиле затоа што светот не ги слави вчерашните победници туку постојано му се потребни нови сензации и луѓето бараат нови приказни затоа што во своите животи немаат ништо слично.

Храброст е да се ослобдите од работите кои го повредуваат вашето срце, затоа што срцето лесно се навлекува на болката која траела во минатото и лесно ја продолжува во иднината. Дури и некои убави моменти се болни затоа што повеќе ги нема. Но, тие ситници го прават нашето срце. Но, еднаш ќе мора да се голтне кнедлата, да се затвори старото поглавје, книгата на нашиот живот застанува таму каде што ние сме застанале.

Да тргнеме напред и да се ослободиме од работите кои го рануваат срцето!