Хороскоп за април 2020: Рак, Лав и Девица

На почетокот на април и понатаму ќе го чувствуваме помрачувањето на Сонцето. Но, доаѓа пролетта, па ги открива скриените желби или потиснатите грижи. Во текот на април ќе се открие она што го криевме во изминатиот период.

Рак

Општествениот статус и комуникација ќе биде во центар на вниманието оваа недела. Ќе бидете окружени со интересни луѓе, а можни се и нови пријателства. Ве очекуваат корисни и интересни активности, како и големи промени и нови искуства. Интуицијата ќе ви биде најдобар пријател овој период. Така ќе ги донесете најдобрите одлуки.

Лав

Ве очекува малку филозофски поглед на животот овој месец. Ќе размислувате за причините и последиците на различни ситуации од вашиот живот. Тоа ќе ви помогне да преземете важни чекори во април. 

Ве очекуваат мали турбуленции со саканата личност, но нема да се случи ништо големо. На работа ве очекуваат интересни понуди, но не заборавајте дека се што светка, не  е злато.

Девица

Ве очекуваат добри вести, особено на љубовен план. Не дозволувајте надворешните фактори да го загрозат романтичниот однос и уживајте во љубовта. Во секоја негативна ситуација слушајте ја интуицијата, а вашата одговорност ќе ви покаже дека се е по планот. 

На полето на кариерата ќе остварите добра комуникација и сјајни договори. Успехот доаѓа.