Хороскоп: Помрачувањето на Месечината носи големи промени

Во понеделник, на 30 ноември ни настапува полната Месечина во Близнаци. 

Во декември нè очекува уште едно помрачување на Сонцето во Стрелец, а тоа значи дека универзумот ни носи промени кои ќе бидат особено интензивни на крајот на годината. Тие поттикнуваат да ги пуштиме оние работи кои не се наши, нешто што веќе не ни треба, за да создадеме подобар и поквалитетен живот.

Ова е повик за будење, за промена која одамна требала да дојде, од начинот на кој размислуваме и како комуницираме од другите. Дали сме подготвени отворено да кажеме што мислиме, на начин кој нè води кон решавање на проблемите? Можеме ли да бидеме господари на сопствениот ум и да препознаеме кога тој не работи за нас и кога нè минира предвидувајќи лоши исходи?

Важно е да живееме сега, да уживаме во тоа што е видливо. Најголемо влијание ќе има на работите поврзани со образованието, движењето, социјалните мрежи и средствата за комуникација. Владетелот на помрачувањето е Меркур кој се наоѓа во Шкорпија во позитивен аспект со Сатурн. Трпение, дисциплина, истрајност – сето тоа нèводи кон саканите решенија. 

Ова е поучно помрачување, нè прашува во што веруваме, колку време поминуваме на мобилните телефони и друштвените мрежи, со што го исполнуваме своето слободно време, колку внимаваме на себе и на интеракцијата со другите, дали се објаснуваме и се препираме без потреба. 

Ова помрачување ќе биде особено значајно за родените во знаците Близнаци, Стрелец и Риби, како и оние кои имаат подзнак во тие знаци.