Хороскоп: Најголемите љубовни желби се исполнуваат до 3 април

Венера, магичната планета на љубовта и финансиите влегува во знакот Бик што ни носи убав енергија.

До 3 април ќе добиеме шанса да го подобриме својот љубовен живот, но и полето на финансиите. Венера во Бик подразбира будење на сетилата, одење во царството на хедонизмот и беспрекорни задоволства. Таа нè потсетува колку е добар животот и како можеме да уживаме во секој момент, без оглед на времето и местото.

Ова е период за нова љубов. Заводливата енергија на Венера ги придвижува романтичните игри. Ни годат прегратките, нечиите допири, уживаме во тоа да сакаме и да бидеме сакани.

Ќе исчезне негативната енергија, Венера носи позитивна енергија, но и искрена љубов. Таа носи романса без манипулации, игри и неверства.

Оние кои се во врска ќе воспостават чувство на доверба, сигурност и блискост. Покажете му на партнерот дека сте тука за него и заедно поместувајте ги границите и откривајте нови хоризонти на љубовта.

Слободните срца сега имаат поголеми шанси од било кога да доживеат нова љубов. Можно е да ве освои некој кој е приземен, смирен и кој има слични ставови како вас. Доаѓаат нови романтични изненадувања.

Ова е период кога се отвора убаво вино, се палат свеќите и се купуваат црвени рози. Без оглед на тоа дали сте љубители на романтиката, таа носи убава енергија која ќе ве направи романтични.