Хорор филмовите се добри за вашето здравје

Научниците сметаат дека хорор филмовите биле добри за вашето здравје поради тоа што носи неколку бенефити.

Губење на калории

Научниците во 2012 година во Велика Британија откриле дека луѓето кои се плашат лесно додека гледаат хорор филмови, може да изгубат дури и до 184 калории, односно колку што се согоруваат со пешачење во времетраење од 40 минути.

Расположение

Социолозите тврдат дека гледањето на хорор филмовите го подобрувало расположението. Луѓето кои се чувствуваат помалку анкциозно, биле посреќни по гледањето на филмовите.

Имунитет

Кратко по гледањето на хорор филмовите се забрзувала и циркулацијата и растел крвниот притисок со што му се овозможува на организмот да се брани од несакани болести.