Холандија повторно воведува рестрикции за ноќните клубови, рестораните и фестивалите

Холандија воведува нови рестрикции во рестораните, ноќните клубови и фестивалите. Причината за ова е забрзаното ширење на корона вирусот помеѓу младата популација. 

Претходните рестрикции воведени поради вирусот беа укинати пред неколку седмици. 

Холандскиот премиер Марк Руте вчера изјави дека мерките стапуваат на сила веднаш, а ќе важат до 14 август.