
Мало јапонско макаки мајмунче по име Панч, родено во јули и напуштено од мајка си, стана вистинска ѕвезда на интернет. Во градската зоолошка градина Ичикава во Јапонија, малиот примат се врза за својата мала орангутан плишана играчка, која ја гушка и носи каде и да оди.
Веста стана вирална и постојано се нагласува потребата за емоционално поврзување на поединците.
Познатиот македонски фотограф Горан Атанасовски сподели слична трогателна приказна за мајмунчиња кои се дел од скопската Зоолошка. Имено станува збор за жената Зера која не ретко ја фотографирал и повеќе од успешно ги доловил емотивните моменти на мајчинска грижа и љубов кон животните кои биле отфрлени од сопствената мајка!
Еве ја приказната која ја раскажа познатиот фотограф:
- Интернетот деновиве плаче од емоции по едно мајмунче од Јапонија кое не се одвојува од својата кадифена играчка откако било отфрлено од мајката.
Трогателно. Тажно. Човечно.
Но ние, овде, со години сме сведоци на уште поголема приказна.
Во Зоолошката градина во Скопје, едно име значи спас, топлина и мајчинство - Зера.
Жена која не брои работно време, туку срца што чукаат во нејзините раце.
Таа ги одгледа Лука, Дино, Делфина и Мики-мајмунчиња отфрлени од своите мајки, оставени без заштита, без топлина.
Во нејзините раце тие најдоа нова мајка.
Во нејзината прегратка најдоа сигурност.
Во нејзината љубов -живот.
Додека светот открива една приказна, ние веќе живееме многу такви.
Не една фотографија.
Не еден момент.
Туку години посветеност, непроспиени ноќи и тивка хероина која не бара аплауз.
Можеби немаме јапонски насловни страници,
но имаме срце.
И ја имаме Зера.
А тоа вреди повеќе од секој интернет тренд.
Фото: Горан Анастасовски