Херои со срце големо колку планина: Почнаа да ги полнат ќесите со облека за децата во Турција

Еден скопјанец на социјалната мрежа Фејсбук објави што му се случило на Бит Пазар, кога сакал да купи облека и да ја донира за настраданите во Турција по разорниот земјотрес во кој загинаа над 6.000 луѓе.

- Денеска со сопругата ја затворивме канцеларијата, се упативме кон скопска турска чаршија за да купиме чизми, кебиња и застанавме на оваа тезга спроти Зегин. Ги прашав овие двајца сограѓани дали имаат капи, шалови и ракавици комплет за дечиња, а тие ме прашаа за колку години и какви бои. Јас им одговорив, му благодарам на Бог, моите деца имаат сè, ова ми е донација за Турција. Таму е катастрофа, има и деца кои се на улиците, по што овие двајца херои грабнаа по една ќеса, ги наполнија до горе. За разлика од газди по продавници што седат на топло, овие двајца херои цел ден се надвор на ветер и студ за парче леб, но имаат срце големо колку планина. Бог да ги чува и благослови. Пунктот за донации е спроти чајџилницата кај џамијата, пишува скопјанец на Фејсбук.