Херман Хесе: Ако мразиме некого, тогаш во неговиот карактер мразиме нешто што постои во нас самите

Херман Хесе е еден од најпознатите книжевници на 20 век. 

Photo by Rachel Coyne on Unsplash

Тој е добитник на Нобеловата награда за литература во 1946 година.

Ова се некои од неговите најпознати мисли:

Бог не ни испраќа очај за да нè убие, туку за да разбуди нов живот во нас. 

...И ако воопшто знам што е љубов, знам поради тебе.

Ако мразиме некого, тогаш во неговиот карактер мразиме нешто што постои во нас самите. Она што не е во нас не нè возбудува.

Злото што еден на друг си го нанесуваме времето го брише и срцето заборава, но часовите на среќата остануваат - нивниот сјај е во нас.

Љубовта не постои за да нè прави среќни. Верувам дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.

Дури и најнесреќниот живот има сончеви часови. Дури и под песокот и камењата, постојат ситни цветови на среќата.

Парите не се ништо, моќта е ништо. Многумина ги имаат и двете, а сепак се несреќни.

Не ни е целта да станеме како другите; треба да се разликуваме, да научиме да  ги гледаме луѓето кои се различни од нас и да ги почитуваме такви какви што се.

Луѓето кои имаат карактер и храброст на другите им се секогаш непријатни.

Нежноста е посилна од строгоста. Водата е посилна од карпата.