„Халовин“ станува сè популарен кај нас - Свештените лица со апел да се бојкотира прославата. Јавноста поделена. Дел сметаат дека нема простор за ваква забава, други дека е убав начин најмалите да се забавуваат и да научат нешто повеќе за културата и традицијата на народите кои го славеле и слават Халовин.
На ваков став е и една мајка, која на Фејсбук го сподлеи своето искуство врзано во празникот.
- На тема Халовин...Никогаш не сме "славеле", но годинава во училиштето на син ми, конкретно за часот по англиски, ќе има активности, тикви правење и сл. Кога ми кажа купи ми тиква, реков нема да одиш на тој час, но кога кажа дека е за англиски...некако се предомислив. Не знам дали имам право, но сметам дека запознавање со различни култури не е погрешно, особено не ако е во контекст со конкретниот час. Штета ете на пример што не учат и кинески или јапонски па да имаат многу покреативни работилници, но тогаш веројатно нема да има волкав отпор. А што се однесува до масовното "славење" на истиот, апсолутно сум против (иако пред години, наидовме во Сити Мол на таква "прослава" и потклекнавме на истата. Дете ко дете, сакаше да црта и да се шкрта со останатите). Инаку детето ми е 6то одделение, а кај првачево нема да имаат никакви Халовин активности.
А што се однесува до црквата, истата не го одобрува ниту 1ви Април- како контратеза на она дека ние имаме наш маскенбал, наша традиција. Имено, нашата традиција, ако се водиме по вистинската- е православието, напиша таа во својата фејсбук објава.