Гужва на „Богородица“ - Голем број граѓани тргнаа на продолжен викенд

Традиционално продолжениот викенд голем број Македонци ќе го искористат да уживаат покрај море во соседна Грција. Метеж на граничниот премин „Богородица“ имаше уште вчера, но и утрово. 

Каква е состојбата на граничните премини може да погледнете на следниот линк

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани-Делчево.