Групна тепачка во Шутка, меѓу уапсените и малолетник

Четири лица и еден малолетен се уапсени во скопска Шутка. Учествувале во тепачка. 

- На 30.08.2026 во 22:05 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа И.К.(31), 16-годишен малолетник, Б.М.(29), Џ.Б.(33), А.Р.(38), сите од Шуто Оризари, скопско, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираа од МВР во дневниот билтен. 

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.