Групна тепачка во Аеродром, меѓу учесниците и една малолетничка

Вчера во скопската полиција било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанала групна тепачка помеѓу четири лица, меѓу кои едната била малолетничка. Со тоа тие го нарушиле јавниот ред и мир, по што ќе следува соодветен поднесок.

„На 22.06.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, З.С.(64), Т.Д.(54), М.С.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.