Грешки кои ги правите при отстранување на митесерите

Знаете добро дека оние грди црни точки на вашиот нос се митесери, но она што сигурно не го знаете е дека со погрешното отстранување можете да ја влошите ситуацијата и да го направите проблемот далеку поголем. Што да направите кога на вашето лице ќе се појават митесери?

Едно е сигурно дека не треба да започнете да ги стискате, а посебно не со агресивни методи затоа што можете само да ја влошите ситуацијата. Дознајте кои се најчестите грешки кои ги правите кога ги отстранувате митесерите и секако обидете се да ги избегнете ако сакате убав и негуван тен.

Прегрубо чистење на лицето
Механичките пилинзи може да бидат доста делотворни за одржување на чистите пори, додека оние хемиските се одлични за отстранување на вишокот маснотии, но честата употреба на двата вида може да создаде повеќе проблеми. Освен иритацијата и црвенилото на кожата, пресилната ексфолијација може да ја влоши состојбата на акните и митесерите. Затоа намалете го притисокот на рацете додека го правите пилингот и немојте да правите почесто од еднаш до два пати неделно.

Прстите кон себе
Истискувањето на митесерите дома е најлошата работа која можете да ја направите за вашиот тен. Нестручниот обид за вадење може да ја оштети вашата кожа или уште полошо да ги прошири порите, а доколку имате лоша среќа, порите можат да ви се инфицираат и во нив да се создадат акни. 

Не откажувајте се од оние тврдоглавите
Кога ќе се обидувате да ги отстраните митесерите обидете се најпрво да ги третирате оние кои се најголеми и највидливи, а оние малите воопшто немојте да се обидувате да ги стискате, бидејќи можете ситуацијата да ја направите полоша. Ако се обидете три пати да ја извадите црната точка и не ви успева, тоа значи дека митесерот не е зрел и треба да го оставите.

Не ја хидратизирате кожата доволно
Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но вашата кожа мора да содржи доволно влага за да го спречи создавањето на митесери. Ако вашата кожа е сува, таа ќе произведува повеќе лој и масла, па порите ќе се затвораат. 

Пречесто се гледате во огледало
Огледалата кои го зголемуваат ликот може да ве депримираат, бидејќи во нив ги гледате апсолутно сите неправилности! Сите оние кои имаат проблеми со митесерите знаат дека нивната најголема концентрација е на носот, па не смеат да го гледаат одблиску. Најдобар совет за сите оние кои се борат со оваа појава – фрлете ги огледалата кои зголемуваат, бидејќи малиот проблем може да ви изгледа како голем.