Греена ракија, посна трпеза и музика: И покрај апелот вечерва се игра оро околу бадникарските огнови (фото)

На повеќе локации во Скопје вечерва се палеа огнови.

И покрај апелот на градските власти и на МПЦ скопјани да се воздржат од палење бадникарски огнови со цел да се заштити животната средина и воздухот, бадникарски огнови вечерва се палеа низ главниот град, а фотографиите од нив се споделуваа и на социјалните мрежи.

Организаторите на бадниковите огнови велат дека никој не може да го спречи нивното делување затоа што се работи за вековна традиција.

-Ова е наша маалска традиција, еден ден во годината сме сите заедно излезени има чај, ракија, посна храна и музика, ќе го кршиме наскоро лепчето и ќе знаме кој е кумот, ни раскажува Васил.