Грција полна и во септември - апартманите по цена од 30 евра за ноќ

Релаксиран одмор во соседна Грција може да имате и во септември, по многу пониски цени за разлика од шпицот на сезоната.

Морето е топло за капење, а и ќе ги избегнете гужвите на плажите, во продавниците и низ маркетите. Сместување во апартман во Грција до крајот на месецот може да најдете по цена од 30 евра од ноќ.

Туристичките агенции нудат и аранжмани за еднодневно капење во Халкидики, со просечна цена од околу 1.300 денари.

Кога се размислува за одмор во Грција во септември, туристите прво го споменуваат и препорачуваат Халкидики каде температурите се умерени.

Неос Мармарас, најпознатото летувалиште во Ситонија, на вториот крак на Халкидики, за септември има аранжман за 45 евра по лице, но со сопствен превоз.

На Пефкохори, на полуостровот Касандра, седум ноќевања со сопствен превоз во септември ќе ве чинат 60 евра.

Десет ноќевања на Тасос во септември преку агенција чини 50 евра.

Најниските цени за сместување се на Евија, Атос, во околината на Солун, а потоа и Ставрос и сите градови од Олимписките региони, пренесува порталот Грција инфо. Овие локации се атрактивни, а за комплетен аранжман можете да поминете со помалку од 100 евра.

Олимпик бич, 10 ноќевања, од 21 септември за 32 евра по лице, а ако сакате и автобуски превоз, истиот аранжман е околку 65.

Паралија во тој период за 10 ноќевања чини 39 евра од,осно 73 со превоз и може да се плати и на рати.