Грција ги отвора границите за туристите, македонските агенции по 4 мај почнуваат со работа

Грција планира да ги отвори границите во јуни за новата туристичка сезона. Таа ќе дозволи влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, додека за западноевропските земји каде што вирусот зеде најголем замав ке има рестрикција. Со тоа Грција планира да има туристичка сезона и таа годинава да трае подолго.

Од 4 мај, постепено, Грција се враќа во нормала – изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис. Тој во интервјуто за грчката телевизија “Скај” изјави дека секоја седмица ќе имаат по едно отворање.-Ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, кон средината на јуни отвараме врата за туристите, но внимателно. Ќе дозволиме влез на турсити од региони кои имаат стабилни бројки во борбата со пандемијата. Нашата цел е туризмот да се активира, под услов да се заштити јавното здравје и да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес. Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава надеж, но и многу голема одговорност да го задржиме ова ниво – рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај” .

Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.

Полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот – рече портпаролот на грчката Влада.

Македонските туристички агенции најавија официјален почеток со работа на 4 мај и враќање кон нормалните работни обврски кои ќе значат подготвување за годинашната сезона. Нивните очекувања се дека оваа година ќе има продолжена туристичка сезона.