Грција ги очекува туристите од 15 јуни

Регионот не чека. Балканските земји се координираат за отворање на границите, на заеднички, но и на билатерални видео средби. Првиот знак за гранична либерализација  дојде од Белград. Српската премиерка најави дека од први јуни ке се отворат границите за граганите на Македонија, Црна Гора, Албанија и БИХ,без карантин и без тестови.

Денеска и  бугарскиот премиер Борисов по видео конференцијата со  грчкиот, српски и романски колега, објави дека од почетокот на следниот месец  границите без карантин и без тестови ке се отворат мегу Бугарија, Србија и Грција. На премините ке треба само да се пополни потврда дека лицата која ја поминуваат границата немаат симптоми.

Со ова се согласни и останатите премеиери, а Мицотакис предложил границите за туристички патувања да се отворат на 15 јуни. Тој изразил надеж дека и покрај здравствената криза, Грција ова лето традиционално ке ја посетата голем број туристи од Балканот. Утре се очекува грчката валдата да излезе и со детален план кога ке се отворат рестораните и хотелите  и кои ке бидат директивите за практикување на турзимот во Грција во текот на оваа сезона.