
Грчките земјоделци нема да ги блокираат граничните премини со Македонија за време на Божиќните и новогодишните празници, јавуваат грчките медиуми.
Според најавите, одлуката е донесена со цел да се овозможи непречено движење на граѓаните и туристите во периодот кога традиционално се бележи зголемен сообраќај кон Грција и обратно.
Граничните премини и патните правци ќе бидат целосно отворени во два празнични периода:
– од вторник, 23 декември до недела, 28 декември 2025 година,
– и од вторник, 30 декември до недела, 4 јануари 2026 година.
Грчките земјоделци најавуваат дека евентуалните протести и блокади ќе бидат одложени по завршувањето на празниците.