
Вчера во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец кон Гевгелија, патничко возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од И.Е.(62) од Р.Грција излетало надвор од коловозот.
Од МВР соопштуваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, констатирани во Општата болница Гевгелија, а бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.