Границите со Србија и Косово остануваат отворени, потврди Спасовски

Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени, рече Спасовски при денешната посета на Чучер Сандево.

„Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка на стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба да се преземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. Засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени“, изјави Спасовски.

Поради влошувањето на сосотојбата со коронавирусот и во соседните земји, за денеска беше најавен состанок на Комисјата за заразни болести на кој, според најавите, требаше да се разговара за евентуално затворање на границите или за други превентивни рестриктивни мерки.