Граѓаните потрошиле повеќе од 900 милиони евра за недвижности – што најмногу се купуваше?

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор  од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп а недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Ова го покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини

Купопродажбите според овие податоци лани се намалени за 4% споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за 9%.

Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април.