Граѓаните од денес скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда

 Од денес граѓаните скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда, односно од денес до крај на година секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари.   

Со цел да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата економија, но и да се прилагоди #МојаНаграда на ситуацијата со COVID-19 кризата, 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Поради тоа, бројот на месечните награди ќе остане ист, но ќе се смали нивната вредност. 

По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората премија, како што беше и првично предвидено, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано.
Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. 

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист - ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда.