Градските фонтани како место за разладување од високите температури

Во градските фонтани деновиве дел од скопјани на плус 34 степени се разладуваа во центарот на градот. Ги има во сите во кои има вода, но има и такви кои летото вооопшто нема да бидат во функција.

За фонтаната прскалка од Град Скопје велат дека е исклучена од безбедносни причини. Добиле таква препорака од здравствените власти поради коронавирусот.

Граѓаните пак се жалат - тешко се справуваат со летните горештини и нема каде да се разладат.

Топло време со температури над 30 степени не очекува и во наредниот период.