Градски паркинг со санкции за 122 непрописно паркирани возила на зелени јавни површини

Во текот на изминатата недела (18.05 - 25.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини.

Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат надлежните.