„Градски паркинг“ и „Паркови и зеленило“ ги уредуваат зонските паркиралишта во Аеродром

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, работи на уредување на зонските паркиралишта во Општина Аеродром. 

Деновиве екипите на претпријатијата го уредуваат паркинг просторот на зона Д4 во Аеродром. 

-Се кастрат сувите и дотраени гранки на дрвјата и се чисти целиот паркинг, за побезбедно паркирање на возилата. Ваквата соработка меѓу двете претпријатија продолжува и во иднина – со цел граѓаните да имаат полесен и побезбеден пристап до паркиралиштата - се вели во објавата на официјалната Фејсбук страница на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.