Градот се „дави“ во ѓубре: Создадени мини депонии во Карпош и Порта Влае

Еден жител на Карпош се пожали преку социјалните мрежи дека на улица „Париска“ веќе три дена никој не го собирал ѓубрето и се создала депонија.

Ситуацијата не била подобра ниту кај Порта Влае, каде што несовесни граѓани создале мини депонија, а фотографиите беа објавени на фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“.