Градот ќе земе кредит: Арсовска најави нови 50 еко-автобуси

Град Скопје распиша два јавни повици за приватни превозници на кои не се пријави никој, по што мораше ЈСП Скопје да продолжи да ги опслужува некои линии.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кажа дека на седницата на Советот на 26 јануари треба да се утврди заем од 10 милиони евра за 50 еколошки автобуси.

-За понатамошно промовирање на визијата за модерно Скопје, обврска и приоритет во нашата работа е да инвестираме во поефикасен јавен превоз. Со донесување на ваква одлука, градот ќе може да купува еколошки автобуси преку долгорочно внатрешно задолжување, информира Град Скопје.