Градоначалникот Стојкоски меѓу сограѓаните го одбележа празникот Свети Атанасиј

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски по повод денешниот празник Св.Атанасиј, кој се празнува на повеќе места во нашата општина, ги посети сограѓаните од населените места с. Ново Село и с. Волково.

- Во с. Ново Село во просториите на месната заедница секоја година традиционално се служи ручек во знак на одбележување на празникот Св.Атанасиј и населението од овој дел на општината со веселба и македонска традиционална музика ја продолжува традицијата. Ја посетив и црквата Св.Атанасиј во с.Волково каде заедно со нашите сограѓани го честитавме празникот и поразговаравме во насока на тоа дека треба сите заеднички да се трудиме да ја одржима жива традицијата и да ги негуваме традиционалните и семејните вредности, кои се темелот на општеството и на нас Македонците како народ кој живее на територијата на Ѓорче Петров, рече Стојкоски честитајќи го денешниот празник. 

- На овие денови можеме да увидиме од колкаво значење е одбележувањето на овие празници и колку нашите сограѓани се полни со елан и позитивна енергија, се со цел достојно да се прослави празникот Св. Атанасиј кој од година во година се помасовно се чествува во нашата општина, порача градоначалникот.