Градоначалникот Стојкоски имаше средби со граѓани од Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во текот на вчерашниот ден имал над средби со над 50 граѓани во рамки на приемниот ден.

- Дискутиравме за проблеми од повеќе области, а акцент беше ставен на инфраструктурни прашања. Тука сме за заеднички да ги решиме нивните секојдневни проблеми, а во насока на модернизирање на нашата општина. Сите граѓани и сечија сугестија се добредојдени во општина Ѓорче Петров каде во наредниот период продолжуваат приемните денови, информира Стојкоски.

Заинтересираните граѓани може да закажат средба на официјалната мејл адреса: kontakt@opstinagpetrov.gov.mk.