Градоначалникот на Чаир оди во самоизолација, веста ја сподели на фејсбук

Висар Ганиу, првиот човек на општина Чаир вечерва на социјалните медиумите сподели вест дека оди во самоизолација. Одлуката ја донел бидејќи имал контакт со лице кое било позитивно на коронавирусот. 

Ганиу на социјалните мрежи изрази загриженост за последниот развој на состојбата поврзана со Ковид 19 и апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита на сопственото здравје.