Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб кога Скопје ќе ги казни полицајците

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското претпријатие „Озеленување“ на општина Благоевград.

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов кажа дека судот е надлежен за изрекување на казни.

- Ако се докаже нивна вина, јас ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам со иста казна каква што ќе добијат цариниците, граничната полиција и другите функционери на Северна Македонија кои предизвикаа ментално и физичко насилство врз Бугарите, кажа Стојанов.