Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи иформираше дека за многу скоро ќе почне најголемата градежна офанзива во општината се со цел реализација на предвидените проекти
„Утрово го оддржав првиот работен состанок во 2025 година со цел од првиот работен ден да започнеме со реализација на предвидените проекти за новата година.Со задоволство сакам да ги информирам граѓаните дека за многу скоро од денес започнува историски најголемата градежна офанзива во општина Гази Баба.
- Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
- После долги години започнува комплетна реконструкција на Домот за културата во Ченто;
- Започнува втората фаза од изградбата на новата детска градинка во Трубарево;
- Воведуваме нова динамика на изградбата на фекалната канализација во Јурумлери;
- Наскоро ќе започне да се реализира последната фаза од изградбата на фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур маало;
- Асфалтирање на повеќе од 40 локални улици...
Се само дел од проектите чија реализација наскоро ќе започне. Ако денот по утрото се познава, 2025 ќе биде многу успешна година за општина Гази Баба“, напиша Стефковски.