Град Скопје: Во тек е постапка за избор на нов директор на ЈСП

На досегашниот прв човек на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски му престанал мандатот како в.д. директор, а постапката за избор и именување на нов в.д. директор на ЈСП е во тек, информираат од Град Скопје.

– На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените. Од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати – информираат од Град Скопје.