
Град Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, вчера спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот.
Вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстрануваа неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
- Изречени се повеќе од 20 казни. Нема отстапки, нема компромиси со хаосот. Ги отстрануваме сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани, го попречуваат движењето и го нарушуваат јавниот ред, информираше градоначлникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.