Град Скопје: Останува бесплатниот автобуски превоз до Водно

„Градот Скопје реагира и ја демантира содржината на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ново воведената А0 зона за паркирање и промената на сообраќајниот режим за движење до Средно Водно за време на викендите и државните празници.  

Од Град Скопје велат дека останува на сила бесплатниот автобуски превоз и паркинг за сите коишто сакаат да го посетат Водно, а со новата услуга која ќе се воведе во наредниот период, ќе се овозможи бесплатен паркинг за возилата на лицата со посебни потреби.

Самиот паркинг деновиве ќе биде уреден, а ќе се постават и заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат.

- Ја информираме јавноста дека изминатиов период Градот Скопје имплементира поголем број на решенија чија главна цел е стимулирање на граѓаните кои го посетуваат Водно тоа да го прават користејќи го бесплатниот јавен превоз и други алтернативни методи, а да го дестимулира користењето на личните автомобили“ се вели во реакцијата на Град Скопје.