Град Скопје остана без принтери?

СДК.мк пишува дека фирмата која дала принтери на користење на Град Скопје, утрово ги повлекла, бидејќи истекол договорот и не бил обновен. 

Сега во бараките за службите се останати само 4-5 принтери кои се сопственост на Градот, но се недоволни за службите. Принтери нема во сите бараки, па вработените немаат каде да печатат документи и матријали. Токму затоа со години се распишува тендер за изнајмување ваква опрема, а во моментов новиот тендер уште не е завршен и не се знае кога ќе бидат обезбедени нови.