Град Скопје ќе бира членови на Иницијативен одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје

Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје. Иницијативниот одбор ќе биде составен од 3 члена.

Младите лица коишто сакаат да се вклучат во Иницијативниот одбор треба да ги исполнуваат следниве услови:

-  Да бидат жители на град Скопје;

-  Да бидат на возраст од 15 до 29 години;

-  Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.

Критериуми за организации кои сакаат да номинираат свој претставник:

-  Да се младински здруженија;

-  Организации за млади;

-  Подмладоци на политички партии;

-  Средношколски или студентски заедници;

-  Спортски друштва;

-  Културно – уметнички друштва;

-  Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;

-  Да се регистрирани и/или да делуваат на подрачјето на град Скопје;

-  Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.

Иницијативниот одбор ги има следниве задачи:

-  Го распишува Јавниот повик за конститутивно Локално собрание на млади на Град Скопје во согласност со Статутот на Град Скопје;

-  Соработува со Град Скопје во организирање, креирање и конституирање на Локалното собрание на млади на Град Скопје;

-  Иницијативниот одбор се формира заради конституирање на Локалното собрание на млади, а се распушта по одржување на првата конститутивна седница на Локалното собрание на млади.

Информациите за потребните документи за аплицирање може да ги најдете на веб-страницата на Град Скопје.