Град Скопје ја продолжи соработката со Сојузот на здруженија на пензионери и Сојузот на борци

Градот Скопје ја продолжува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците и граѓаните кои продолжуваат да го промовираат нивното дело.

- Денеска потпишавме договор за поддршка за реализација на активностите на програмите на двете организации, со цел обезбедувањеповисок квалитет на формите на општествено вклучување на пензионерите и повозрасните категории граѓани, информираат од Град Скопје.

Активностите вклучуваат акции од поширок општествен интерес, како и поддршка на програми за подобрување на формите на активирање на пензионерите.

- Градот Скопје континуирано се грижи за повозрасните групи граѓани и воедно ја изразува својата благодарност за нивниот несебичен влог во развојот на нашето општество, порачаа од градот.