Град Скопје ги отфрла обвинувањата на „Анима мунди“

Град Скопје ги отфрла сите обвинувања кои ги изнесе здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Обвинувањата на оваа организација се во врска со третманот на бездомните кучиња, а од организацијата велат дека постои наводно изживување врз истите во стационарот „Вардариште“. „Анима мунди“ дури и организираше протсет со цел да го искаже својот револт по ова прашање.

Од Град Скопје пак излегоа со официјално соопштение во кое го објаснуваат професионалниот пристап кој градот го има кон овој проблем. Велат дека Град Скопје е единствена единица на локалната самоуправа која нуди хуман третман за бездомни животни. Во соопштението се вели дека стационарот „Вардариште“ работи според сите професионални критериуми, почитувајќи ги принципите на ЦНР програмата („Залови, стерилизирај, пушти“) кои се осмислени од страна на Светската асоцијација за заштита на животните и Кралското здружение за зажтита на животните на Велика Британија. Сите лица вработени во стационарот претходно имаат поминато стручни обуки во врска со заштита на животните и истите се редовно подложни на неочекувани инспекции, од кои досега немало забелешки за нивната работа.