Состојки:
2 дл млеко
400 гр шеќер
350 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење
250 гр кикирики (пола мелени, пола сечкани)
600 гр мелена плазма
Состојки за глазура:
100 гр маргарин или путер
200 гр чоколадо
Подготовка.
Во голем сад на шпорет се става млекото со маргаринот и шеќерот. Се меша и се чека сè да се стопи, па се трга смесата од рингла.
Се става чоколадото и се меша да се растопи.
Се додаваат кикириките и плазмата, па се меша додека убаво да се соедини.
Голем плех се обложува со фолија, се истура смесата во него и се остава да се стегне.
Се топи маргарин или путер, а потоа и чоколадото, па се става глазурата врз колачот.
Нека отстои уште половина час во фрижидер, па исечете на ленти или парчиња во посакувана форма и послужете.