ГОТОВА САМО ЗА 10 МИНУТИ: Кремаста бајадера без печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 литар млеко

* 150гр гриз

* 250гр маргарин

* 1-2 лажици какао

* 200гр оцет

* 1 пакетче ванила

* кора од лимон и сок од половина лимон

* бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото  да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот.

Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот.

Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса.

Врз црниот крем ставете бисквити.

Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.