Гостиварка среде бел ден насилно ограбена во скопски Карпош

53-годишна гостиварка среде бел ден ограбена во скопски Карпош.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 12:00 часот во СВР Скопје Н.Д.(53) од Гостивар пријавила дека на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со документи и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.