Гостиварка со нож нападнала вработен во обезбедување во казино

Кривична пријава е поднесена против М.А.(27) од село Србиново, гостиварско поради постоење основа за сторено кривично дело обид за убиство.

Имено осомничената на 18.01.2024  во Гостивар по претходно недоразбирање со нож нападнала вработен во обезбедување на казино при што му нанела повреди известуваат од МВР.