
Во духот на Велигден и празничната солидарност, гостилница „Кај Џек“ од скопската населба Петровец и оваа година ја продолжи својата традиција и изминатата велигденска ноќ делеше бесплатни сендвичи за сите граѓани.
По полноќ, во празнична атмосфера, голем број посетители имаа можност да добијат бесплатен оброк, како симболичен гест на заедништво и грижа.
Како што стоеше во нивната објава: „По повод Велигден, како и секоја година и оваа година ќе има бесплатни сендвичи за сите! Ве очекуваме после 24 часот.“
Овој потег уште еднаш покажа дека хуманоста и желбата да се помогне на другите се вистинските вредности кои треба да се негуваат, особено за време на големите празници.
Во време кога ваквите иницијативи се ретки, примерот на „Кај Џек“ заслужува пофалба и почит, како потсетник дека малите гестови можат да направат голема разлика.