Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска повторно се најде на удар на критики од жителите. Овој пат, скопјанка објави фотографија од Градски парк, и предупреди дека отворената метална кутија е потенцијана опасност за најмалите.
- Господична Данела Арсовска, градов ти е ремпере. Ова на фотографијата во прилог го има и во Градски Парк и на детски игралишта ширум Скопје. Не знам дали знаеш али е многу опасно за деца, не сакам ни да помислам што може да се случи со мало невнимание од родител или не дај боже детето да е поголемко ама ептен радознало. Ништо цепај си ти, јас само да си кажам, објави жителка на Скопје на својто фејсбук профил.