Горска вода склучи соработка со Здружението „Платформа за Зелен Развој“

Горска Вода како општествено одговорна компанија, години наназад е вклучена во низа хуманитарни активности. Овој пат, ја даде својата поддршка и направи соработка со Здружението „Платформа за зелен развој“.

Станува збор за организација која е фокусирана на воведување на концептот за зелен развој и неодамна започна со реализација на меѓународниот проект „Ploutos“. Во овој проект се вклучени низа активности поврзани со процесот на донација на храна и решавање на проблемот со отпад на храна. Со нашето учество, односно донација на наши производи во СОС Детско село, сметаме дека ќе придонесеме да се помогне онаму каде е најпотребно и неопходно. Секој од нас има целосно право на пристап до чиста вода, затоа доколку нема можност треба да се создаде. 

Горди сме што можеме да кажеме дека сме општествено одговорна компанија. Секогаш се грижиме за околината и мислиме на иднината, па поради тоа ГОРСКА вода е една од  првите фабрики во реонот што користи зелена енергија, односно обновливи алтернативни извори на енергија.  Го користиме Сонцето како извор на енергија, без емисија на CO2 и штетни гасови,  велат од компанијата.

Уникатноста на ГОРСКА во однос на другите води е токму нејзиниот нискоминерален состав кој дозволува водата да се консумира во неограничени количини, без непотребно да го оптоварува организмот.