Google им одговори на медиумите: Ние не заработуваме доволно од вашата содржина за да ви платиме

Google одговори на повиците во кои се бара да ги подели приходите со медиумите што ги генерира со поддршка на нивната содржина, велејќи дека од тоа нема да има ништо.

Google потенцира дека тие активно работат на решенија за кои веруваат дека ќе им донесат на медиумите повеќе пари за содржината што ја објавуваат на интернет.

“Слушнавме повратни информации од владата, регулаторите и индустријата и разговараме за да ги лиценцираме и да платиме за прикажување или давање целосен пристап до информативните медиумски содржини кои ги надминуваат едноставните линкови или клипови”, објаснува Google на својот блог.

Тие потенцираат дека треба да се одржи дискусија заснована врз факти и дека иако тие се согласуваат дека висококвалитетната содржина на информации има висока социјална вредност, исто така има потреба да се разбере економскиот аспект. Во овој поглед, тие наведоа голем број факти и точки што се однесуваат на неточни тврдења за економијата на линковите на информативните содржини на пребарувачот на Google.

Првото нешто што тие го спомнаа е дека Google остварува многу мала економска вредност од информативните содржини преку својот пребарувач затоа што на „Google News“ и „Google Search“, како што велат, тие не пуштаат огласи.

Google појасниле дека тие заработиле само 10 милиони австралиски долари минатата година на резултатите од комерцијалното пребарување, а не од резултатите од информативното пребарување во Австралија, или, како што објасниле, кога некој ќе побара информации за добри патики за трчање, потоа ќе кликне на рекламата.

Како друго, тие навеле многу мал индиректен економски поврат што го добиваат од информативните содржини преку нивниот пребарувач (Google Search). Информативната содржина, велат тие, претставува нешто повеќе од еден процент од вкупната содржина за пребарување на нивниот пребарувач во Австралија и дека австралиските тврдења се преценети.

Google, исто така потсети дека веќе постои значајна двонасочна размена помеѓу издавачите и нив, односно дека многу интернет корисници завршуваат на страниците на издавачите на медиумски содржини преку Google и со тоа имаат можност да видат таму платени реклами и да станат нивни редовни посетители или платени корисници.

Тие, исто така, наведоа една европска студија која проценува дека секоја посета на веб-страница вреди помеѓу 0,04 и 0,06 евра (0,063 австралиски долари), што во принцип значи дека австралиските издавачи на тој начин остваруваат вредност во висина од 218 милиони австралиски долари годишно.

Google заклучува дека медиумските бизниси всушност добиваат многу повеќе од споделување на содржини отколку што всушност произведуваат вредност.

На крајот, Google посочува дека вредноста на вестите не е заснована на економски аспект, туку дека информативната содржина е важна за пристап до квалитетни информации.

Издавачите директно контролираат на кој начин споделуваат на Google Search, потсетува Google.